НИКОЛА МИТРЕВСКИ – СПОРТИСТ НА БИТОЛА ЗА 2019

НИКОЛА МИТРЕВСКИ – СПОРТИСТ НА БИТОЛА ЗА 2019

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола се одржа 55-тиот  „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола.

Пред присутните се обрати и градоналничката Петровска, која потенцираше дека успесите на битолските спортисти во поединечна и екипна конкуренција се мотив повеќе за локалната самоуправа да вложува во спортски објекти, стадионот, базенот и спортските сали во училиштата.

За спортист на Битола за 2019 година е избран голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски. Исто така, беа избрани 10-те најдобри спортисти на Битола за 2019 година. На првото место се најде срелачката Оливера Наковска Бикова, а по неа награди зобија и Рејчел Стојанов -гимнастика, Тамара Жабјански – одбојка, Симона Стојановска – одбојка, Владе Станковски боди-билдинг, Ангела Јанкуловска – ракомет, Анита Гоцева – фудбал, Теодора Јанковска – фудбал, Никола Бубевски кик-бокс, Јасмина Ташевска – стрелаштво, Горан Шакировски – бокс и Филип Трајчевски -фудбал. Најдобра сениорска екипа е РК Еурофарм Пелистер.

Беа доделени и специјални награди за ветерени а добитник на посебно признание е Борче Илиевски, познат шаховски велемајстор, кој акативно игра шах и на 85 години. Награди беа доделени и во екипна конкуренција, како и за младинци.