Незаборавен концерт на Сузана Турунџиева
За себе ќе рече дека душата и е во Битола, телото во Скопје, а музиката во срцето. Пеачката Сузана Турунџиева, во концертната сала на Завод и Музеј – Битола, за своите сограѓани а и за верните обожаватели на нејзините песни, приреди незаборавен музички перформанс, кој публиката ја врати во ритамот на времето кога македонската забавна музика го освојуваше секој дел од просторот.
Во нејзината долгогодишна пеачка кариера, Турунџиева плени со својата харизма, енергичност и сплотеност со публиката, оставајќи и остварувајќи нераскинлива врска со публиката.
Пред нејзините битолчани настапи во пациото како дел од богатата музичка концертна програма на јубилејното битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015.