Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше прием на битолските младински државни шампионки од КК „Петровски“ Битола, кои на завршниот турнир во возрасната категорија за кошаркарки до 12 години го освоија шампионскиот трофеј по битката во финалето против Бадел 1862.
Покрај ваквото достигнување, Јана Наумовска од редовите на Петровски е прогласена за најкорисен играч, а КК ПЕТРОВСКИ се избрани од страна на Koшаркарската федерација да учествуваат на репрезентативен камп во Маврово ова лето.
Градоначалникот Коњановски на средбата со кошаркарките и нивните тренери, им честиташе за големите достигнувања и им посака многу нови успеси, потенцирајќи дека, Општина Битола дава посебна важност на спортот и спортскиот напредок на градот.