МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТ И СООБРАЌАЈ

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТ И СООБРАЌАЈ

„Транспортот во денешното општество“ е темата на втората меѓународна конференција која од денес до 19 ти мај се одржува во просториите на Техничкиот факултет при Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола. На конференцијата учествуваат истакнати експерти од државата, Европа и светот, а генерален покровител е Министерството за транспорт и врски. Општина Битола обезбедува комплетна поддршка на реализацијата на оваа конференција, која е насочена кон решавање на проблемите во сообраќајот и транспортот, како и воведувањето на нови технологии за зголемување на безбедноста во сообраќајот. На конференцијата пристигнаа 70 трудови кои се очекува да дадат значаен придонес за транспортниот систем во Македонија, а особено во југозападниот дел на нашата држава.