МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ „ДЕРЖАВИН“

МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ „ДЕРЖАВИН“

Во наредните три дена, во различни категории, во Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола ќе се одржи меѓународен шаховски турнир. По четврти пат, младите шаховски надежи, кои веќе се прваци во своите генерации, ќе се натпреваруваат во организација на овој Универзитет.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, која истакна дека и натаму ќе ги охрабрува успесите на младите во индивидуалните спортови, кои покрај личните успеси, носат успех и на општината. На турнирот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски, како и претседателот на комисијата за спорт во Советот на Општина Битола, Борче Корлевски.

Младинскиот шахоски турнир „Державин“ како и минатата година, и годинава е пријавен и рејтингуван од страна на Светската шаховска федерација. Се работи за еден од најквалитетните младински турнири, со награден фонд од 55.000 денари.

Особено задоволство за градоначалничката Петровска беше размената на шаховски потези со најмалиот државен првак Наде Смилевска од Битола, како и со раководителот на битолскиот оддел на Универзитетот, Игор Михајловски.