ПРЕПОРАКИТЕ ОД ВЛАДАТА СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО СИТЕ БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА

ПРЕПОРАКИТЕ ОД ВЛАДАТА СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО СИТЕ БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, одржа работна средба со директорите на сите битолски основни и средни училишта, во однос на новонастанатата состојба со присуството на корона вирусот во земјава.

Таа уште еднаш ги посочи препораките дадени од Владата на Република Северна Македонија и процедурите кои што треба да бидат применувани во училиштата. Директорите на средбата истакнаа дека во сите училишта се обезбедени дополнителни средства за хигиена, залепени се потребните информативни постери за однесувањето на учениците, а наставниците редовно во рамките на часовите отстапуваат простор за информирање на учениците.

На средбата исто така беше разговарано за веќе закажаните ученички екскурии и препораките да не се патува во Италија. Градоначалничката и директорите на крајот од средбата истакнаа дкеа постојано ќе бидат следени новите препораки од страна на Владата и Министерството за здравство, кои понатаму ќе бидат применувани во редовниот наставно-образовен процес, односно да нема масовни собирања на спортски настани или присуство на ученици на големи организирани средби.