МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ДОРУЧЕК ВО ГИМНАЗИЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО

МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ДОРУЧЕК ВО ГИМНАЗИЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО

За прв пат учениците во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ имаа можност да се запознаат со традиционалната словенечка храна, преку денешниот доручек организиран во ова училиште. На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, амбасадорот на Словенија во нашата земја Милан Јазбец, претседателката на македонско-словенечкото здружение Триглав Тања Франц и други гости. Директорката на училиштето Фани Наумовска истакна дека покрај сознанието за словенечката храна, акцентот на настанот е ставен и на здравата исхрана, која во современиот начин на живеење не е толку застапена, особено кај  младата генерација. Градоначалничката Петровска го поздрави ваквиот вид на едукација и соработка, како мост на продлабочување на вредностите на двете земји.

„Се радувам што една ваква иницијатива се случува во образовна институција каде што на помлада возраст може да се изгради култура за тоа кое е значењето на овие мостови. Го поздравувам организирањето на вакви настани и давам охрабрување на идни иницијативи во оваа насока“, посочи Петровска.

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, кој за кратко време веќе е по втор пат во гимназијата „Јоспи Броз Тито“, почоси дека за производство на добра храна, мора да се има и знаење и образование.

Настанот со традиционални јадења беше помогнат и од компанијата Бага Фуд, а директорката Марија Секуловска Митревска говореше за начинот на подготовка на храната. Пред присутните ученици и професори зборуваа и нутриционисти, околу важноста на здравата исхрана.