Локалниот совет за превенција на Општина Битола ја одржа првата конститутивна седница, на која присуствуваа претставници од повеќе институции од општината, а истата ја водеше градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. На оваа седница беа разгледани и конкретни проблеми со кое се соочуваат граѓаните во заедницата, особено младите и ризиците кои водат кон асоцијално однесување, како и начините кои можат да придонесат за превентивно делување.
Локалниот совет за превенција е востановена можност и форма за градење на безбедна средина за живеење на локалното население преку препознавање на локалните проблеми и градење на локални стратегии за решавање на проблемите со адекватно вклучување на надлежните субјекти. Овој совет е една од најпрепознатливите алатки за развивање и градење на капацитетот на полициското работење во заедницата. Тој помага во градење на доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните. Локалниот совет за превенција ги вмержува сите клучни субјекти во една општина кои можат да влијаат на квалитетот на живеење на граѓаните. Тој и „помага“ на полицијата за извршување на нејзината превентивна дејност, односно во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните.
За да може да се воспостави ефикасен систем на работа потребна е постојана комуникација и соработка на полицијата со други институции, како и поддршка од локалната самоуправа Локалниот совет на превенција ќе има методологија за функционирање и работа, ќе се формираат тематски/проблемски работни групи и ќе биде со променлив број на членови во зависно од темата/проблемот.