Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, го посети Културно – информативниот центар, каде со в.д директорот Благојче Божиновски, разговараше за тековната работа во Офицерскиот дом и Киното „Манаки“ и идните планови на установата.
Божиновски го информираше градоначалникот, дека во подготовка се три нови концептуални постановки, поврзани со музичката историја на Битола, значајните личности и објекти на градот, како и историскиот подем на Офицерскиот дом. Дополнително, културно – информативниот центар, работи и на други проекти, кои се значајни за развојот на културниот туризам, а вклучуваат и соработка со други институции.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, општината, продолжува да биде поддржувач на активностите на ЈОУ КИЦ кои се насочени кон поддршка на културата и промоција на Битола.