КУГЛАРСКИ ТУРНИР „4 – ТИ НОЕМВРИ“

КУГЛАРСКИ ТУРНИР „4 – ТИ НОЕМВРИ“

Во кугланата во спортската сала „Младост“, вчера заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола. Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на општината, а на доделувањето на наградите присуствуваа градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски. За првак на Битола во куглање беше прогласен Александар Јовановиќ, второпласиран е Пецо Димовски, а на трето место е Цане Колев. На турнирот учествуваа дваесет натпреварувачи, меѓу кои и две жени. Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која во своето обраќање нагласи дека, чекор по чекор, континуирано ќе работи во насока на реализација на предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс, кој е од големо значење за сите битолчани, а пред се за вљубениците во спортот.

SONY DSC