Во рамките на „Неделата на пролетта“, која ја реализира општината во соработка со јавните претпријатија, попладнево започна со редовна работа кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од денес, кугланата е отворена за сите граѓани кои сакаат рекреативно да куглаат, за разлика од досегашниот период, кога функционираше како затворен тип, односно се користше само за професионалните спортисти.
На денешниот настан на кој беа претставени и условите кои треба да се почитуваат за користење на салата, заедно со граѓаните љубители на куглањето и членовите на кугларските екипи „Пелистер 1982“ и „Пелистер Пин“ присуствуваа и претседателот на кугларската федерација на Македонија Игор Михајловски, заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојковски, претставници на општината, Советот на Општина Битола и директорите на јавните претпијатија.
Слободните термини за користење на салата ќе бидат редовно објавувани, а дополнителни информации граѓаните може да добијат и директно во спортската сала.
За да можат граѓаните да рекреираат, задолжително е во просторот каде што се наоѓаат кугларските патеки да ги почитуваат правилата за влез во кугларскиот дел, со цел да се овозможи соодветно одржување на просторот и да се спречи евентуално оштетување на опремата.