Креативност, инспиративност, имагинација и творештво, наспроти говор на омраза и деструктивно однесување кон објектите во кои се одвива воспитно – образовниот процес. Во оваа насока, учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, заедно со наставничката по ликовно образование Анкица Стевановска, пратија порака за поттикнување на волонтерството преку акцијата „Мурал“ спроведена од Советот за волонтерство на Општина Битола, заедно со МКЦ Битола, а со поддршка на Проектот за граѓанско учество на USAID North Macedonia.
Целта на проектот е да се инспирираат младите луѓе да креираат инспиративни цртежи на ѕидовите и да се спречи говорот на омраза.
Реализацијата на овој проект, овозможува визуелна трансформација на училишниот ѕид, но и силна порака за сите ученици, родители, воспитно – образовниот кадар, како и случајните минувачи кои неможат да останат рамнодушни на впечатливоста на новата креација.
Овие активности се нов поттик и мотив повеќе за учениците да се насочат кон активности со кои ќе ја зачуваат средината во која се воспитуваат и образоваат, а истовремено креативно ќе делуваат во нејзиното збогатување.
Фотографиите најдобро ја отсликуваат состојбата пред и после спроведените активности.