КООРДИНАТИВНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО НОСИТЕЛИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ЛИСТИ

КООРДИНАТИВНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО НОСИТЕЛИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ЛИСТИ

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, во општина Битола, беше организиран координативен состанок со носителите на советничките листи на политичките партии кои освоија советнички места во идниот општински совет. На состанокот присуствуваа претставници на идните советници од политичките партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Независната група на советници Поинаку и политичките партии Левица, ДУИ и ЛДП.

Целта на координацијата беше да се разменат мислењата, идеите и визиите на сите политички партии и независната група на советници, кои преку своето делување ќе влијаат на реализацијата на нови проекти за подобра иднина на Битола.

Градоначалникот Коњановски, на работната средба, потенцираше дека идниот совет, треба да работи конструктивно и со заедничко дејствување и соработка со градоначалникот да придонесе за решавање на приоритетните проблеми во општината и спроведување на нови иницијативи, кои ќе ја направат Битола поубаво место за живеење на сите граѓани.

Работниот состанок, градоначалникот Коњановски, го иницираше пред првата конститутивна седница на Советот на општина Битола, која е закажана во понеделник.