КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „БРАНКО РАДИЧЕВИЌ“

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „БРАНКО РАДИЧЕВИЌ“

Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности. Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, а екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.

Вкупната сума, која Општина Битола ја издвои за комплетната реконструкција на улицата изнесува над 4.600.000 денари.