Заврши асфалтирањето на ул. „Партизанска“ во должина од 730 метри, откако претходно комплетно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а се изврши промена и на водоводните и канализационите приклучоци.
Во моментов се работи на поставување на тротоар и нова патека на дел од улицата, а екипите на терен вршат порамнување и отстранување на градежниот шут. Градоначалничката Петровска и екипа од општината задолжена за реализација на овој проект, извршија увид во досегашните активности, а беа запознати о тековните активности на уредување на тротоарските површини.
Општина Битола за овој проект од сопствениот буџет инвестираше 21.931.512 денари за промената на водоводните и канализационите приклучоци, како и за новиот коловоз и сегашното тротоарско уредување. Преку Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната и канализационата мрежа беа обезбедени 13.857.940 денари.