На Француските воени гробишта во Битола, денес се одржа традиционалната церемонија по повод Примирјето од 11 Ноември 1918 година и „Денот на народната жалост“.
Заедничката комеморација на амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција е во знак на сеќавање на загинатите, повредените, исчезнатите и прогонетите од сите војни и нации, во чиј спомен денес, свежо цвеќе положија Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, пратеници од Битола во Собранието на Македонија ,градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Иливеска, како и други делегации и гости.
Меморијалниот комплекс кој е сместен на Француските воени гробишта во Битола, им оддава почит на војниците и зборува за значајното место што Македонскиот фронт го има во европската историја.
Тој е потсетник дека сме испочитувале, дека сме научиле од минатото, да градиме иднина во која ќе создаваме свет на единство, солидарност и пријателство.