По повод Денот на помирувањето од Првата светска војна, се одржа комеморативна церемонија на Француските гробишта во Битола, на која присуствуваше градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, како и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и амбасадорката на Германија Анке Холштајн.
Делегациите, со полагање на свежо цвеќе, им оддадоа почит на загинатите војници и цивили за време на Првата светска војна. Во рамките на церемонијата, градоначалникот Коњановски, заедно со амбасадорите, го посетија и Францускиот меморијален комплекс.