КОМЕМОРАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ПОЧИНАТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТОМЕ ДИМИТРОВСКИ

КОМЕМОРАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ПОЧИНАТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТОМЕ ДИМИТРОВСКИ

Претставници на семејството, пријатели, членови на Здружението на пензионери од Битола и други лица кои го чувствуваа за свој близок пријател, му оддадоа почит на неодамна починатиот претседател на Здружението на пензионери Томе Димитровски. Градоначалничката Наташа Петровска најпрво изрази сочувство до семејството и неговите најблиски.

„Томе го знаеме како човек кој што ја имаше топлата насмевка, ја имаше мудроста, искуството, трпеливоста кон секого. Така го паметам јас, а убедена сум дека така ќе го паметиме сите. Минливо е се што се случува во нашиот живот, но она што не е минливо, што останува трајно и она што го вградуваме во семејството, а тоа Томе го направи многу успешно и остави нешто да продолжи квалитетно и по неговото физичко постоење. Го знам доста долго, со целокупниот општествен ангажман и тука околу постојано го гледам неговото присуство. Го чувствувам и сега и затоа сум дел од сето ова за да укажам почит на човекот кој сето ова го заслужуваше“, рече Петровска.

На комеморацијата, која започна со едноминутно молчење, пред присутните се обратија Даница Петличкова како сегашен претседател на битолското здружение и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери во земјава.