КВАЛИТЕТНА КУЛТУРНА ПОНУДА ВО БИТОЛА, СО КОВИД ОГРАНИЧУВАЊА

КВАЛИТЕТНА КУЛТУРНА ПОНУДА ВО БИТОЛА, СО КОВИД ОГРАНИЧУВАЊА

Иако состојбата со корона вирусот го промени целосно начинот на културното живеење, а со тоа и одржувањето на настаните, сепак во Битола се случија неколку настани и концерти на кои публиката вистински уживаше, а беа подржани од Општина Битола.

И во овие околности, заложбата на градоначалничкаа Наташа Петровска е да се има квалитетни настани, кои, при нивното одржување, не го загрозуваат здравјето на луѓето.

Публиката пак, адаптирајќи се на новото време со нови правила, со потреба од  квалитетни културни настани, покажа дека и во вакви услови на глобална светска пандемија, културните настани можат да се посетуваат и да се ужива во квалитетот на понуденото.

Општина Битола го помогна одржувањето на фестивалот „Локум фест-музика и традиција 2020“. Наместо во Старата битолска чаршија, фестивалот годинава, со соодветни протоколи, донесе концерти на три македонски групи, Чалгија саунд систем, Балкава и Љубојна. Општина Битола го помогна и одржувањето на 50-тото јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“, во чии рамки, по сите здравствени и безбедносни протоколи и со сите заштитни мерки, се одржаа изложби, саем на книга, етно филмови на отворено, стручно научен собир, онлајн семинар и детска работилница. Фестивалот понуди и  4 концертни вокално-инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.

За среќа Битола го има античкиот локалитет Хераклеа и големиот амфитеатар, кој во новонастанатите услови е простор каде што на одредена дистанца, љубителите на музиката имаат можност да проследат неколку прекрасни концерти, за сечиј вкус. Сепак, поради околностите со КОВИД пандемијата, бројот на присутни беше оневозможен во број каков што го посакуваме сите.

Општината, со финансика поддршка, застана зад одржаните концерти на Камерниот оркестар на Битола, Амира Медуњанин и Дарко Рундек, каде публиката присуствуваше во максимално дозволен број според пропишаните правила и протоколи. Понудената квалитетна концертна понуда, не остави никого рамнодушен, а таква атмосфера се очекува и за закажаните концерти на Петар Грашо и најпрепознатливиот вокал на култната група „Бјело Дугме“, Жељко Бебек.

До крајот на сезоната следуваат уште културни изненадувања, кои ќе ни помогнат да го пребродиме сивилото на пандемската криза со КОВИД-19.