Во Битола уште во 19 век постоел канализационен систем од геризи. Со градба на современа канализација се отпочна некаде кон крајот на педесеттите години. Условите на теренот за градба и проширување на канализационата мрежа, се скоро идеални. Благиот пад на теренот кон исток и североисток овозможува градба на едноставни системи со мошне погодни услови за прибирање на пречистените води во реката Драгор.
Целокупно изградена канализациона мрежа: 154.000 м. од кои:
- Азбесни цевки: 93.000 м.
- Бетонски и армирано бетонски: 54.000 м.
- ПВЦ: 7.000 м
Употребени профили: Ø 150 мм – Ø 1500
Број на изливни места: 5
Краен реципиент: р.Драгор → р. Црна → Тиквешко езеро → р.Вардар
Покриеност со канализациона мрежа на градот, во проценти: 99 %
Покриеност со канализациона мрежа на општината, во проценти 82%
Сепак канализационата мрежа сеуште не е заокружена, општината Битола се среќава со проблемот со третманот на отпадните води (од станбените населби и индустриските отпадни води). Потребно е доизградба на колекторскиот систем, изградба на колекторски станици, решавање на проблемот со петтиот канал кој е отворен и изградба на пречистителни станици. Постојат повеќе проекти за пречистителни станици, но потребно е изнаоѓање на финансиски средства.