ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, оствари контакт со раководството на човечки ресурси во фабриката „Кромберг и Шуберт“, каде што се вработени над 5800 граѓани од Битола.

Од нивна страна, Петровска беше информирана дека во овој момент, вработените во фабриката за автомобилски делови се на колективен одмор, согласно препораките и заклучоците од Владата на Република Северна Македонија. Раководството на фабриката, продолжува да ја следи состојбата и врз основа на тоа ќе бидат одредени и нивните понатамошни чекори.

Градоначалничката Петровска, добиените информации во врска со оваа компанија ги проследи и до Владата на Република Северна Македонија.