Македонски железници инфраструктура известува дека за реализација на проектот Изградба и реконструкција на железничката делница Битола-Кременица, по барање на изведувачот, во периодот од 05.03.2019 година до 20.03.2019 година, се изврши целосно исклучување на напојувањето на СС постројките во станица Битола заради извршување на работи – замена на постоечкиот напоен уред со нов и замена на постоечката станична поставница со нова.
Со завршувањето на работите, патните премини во градското подрачје на општина Битола во насока кон Прилеп, повторно се вклучени во редовна работа.