ИНТЕРНЕТ ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНИ КАТЕГОРИИ

ИНТЕРНЕТ ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНИ КАТЕГОРИИ

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, ја прими донацијата од мобилната компанија Лајкамобајл,  која за потребите на 218 ученици од социјални категории во битолските училишта, додели сим картички за користење на интернет од 20 GB.

Градоначалничката Петровска му се заблагодари на претставникот на компанијата Лајкамобајл Маријан Најденовски и истакна дека општината е благодарна на сите општествено одговорни компании, кои препознаа дека во ова време на пандемија, на учениците им е потребна помош за да можат да ја реализираат наставата квалитетно.

По претходно подготвена листа на ученици кои што имаат потреба од дополнителен интернет и по донесената Одлука во Советот на Општина Битола, картичките соодветно ќе бидат распределени според потребите на учениците.