УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ИНЕРТЕН ОТПАД НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Согласно Правилникот за постапување со инертен отпад на Општина Битола (Сл.Гласник бр. 9 од 14.07.2015) локацијата на стопанскиот двор на КЈП Нискоградба на ул. „16та“ бб определена е како локација за привремено складирање на инертен отпад за количини до 1 м3 инертен отпад, со надомест за депонирање според утврдениот ценовник, а депонијата Мегленци е определена како локација за трајно депонирање на инертен отпад без надомест. Согласно Правилникот правните и физичките лица кои создаваат инертен отпад должни се во рок од 5 (пет) дена од завршувањето на активностите да го известат надлежниот општински орган за создадените количини, начинот на собирање и транспортирање на истиот, како и датумот на транспортирање.
Постапка:
- Создавачот на отпад или транспортерот поднесува барање до Општина Битола во Сектор Општински инспекторат. Во барањето се наведува вид и количина на отпадот, поседувач, собирач, транспортер, датум и локација за депонирање на отпадот.
- Подносителот добива транспортен формулар како одобрување на транспортот, во три примероци.
- Транспортниот формулар го заверува одговорното лице за прием во локацијата каде се депонира отпадот.
- Еден примерок од транспортниот лист останува за евиденција во депонијата, а еден примерок подносителот враќа во Општинскиот инспекторат.
Начини на транспортирање:
А) Создавачот на инертен отпад може сам да го транспортира инертниот отпад:
- Ако количината на отпадот е до 1 м3, создавачот на отпадот може сам да го транспортира до местото наменето за привремено складирање односно стопанскиот двор на КЈП „Нискоградба“ при што плаќа надомест за депонирање согласно утврдениот ценовник и при тоа ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4) .
- Ако количината на отпадот е над 1м3, создавачот на отпад може сам да го транспортира до локацијата за трајно депонирање односно депонија Мегленци каде не се плаќа надомест за депонирање, при што ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4)
Б) Создавачот на инертен отпад може да побара собирање и транспортирање на отпадот од КЈП „Нискоградба“
Создавачот на инертен отпад се обраќа до службите на КЈП „Нискоградба“ во дирекцијата на ул. „Бул. 1 ви мај“ бб каде добива фактура и откако ќе ја плати сумата согласно утврдениот ценовник се запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4).
В) Создавачот на инертен отпад може да побара собирање и транспортирање на отпадот од страна на друг лиценциран субјект за собирање и транспортирање на отпад
Создавачот на инертен отпад се обраќа до друг лиценциран субјект и ја запазува горе наведената постапка (т.1 до т.4), а во прилог на барањето се доставува копија од дозволата за транспортирање на инертен отпад.
Потребни документи за преземање: