ИНВЕСТИЦИИ И ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ИНВЕСТИЦИИ И ПРОЕКТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Реализација на проекти и инвестиции во повеќе области, а истовремено и решавање на затекнатите проблеми и санирање на претходните долгови, беа главните насоки во кои локалната самоуправа, предводена од  Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, дејствуваше во изминатите две години. На денешната прес конференција, Градоначалничката Петровска, информираше за дел од резултатите, постигнати во двегодишното работење:

„Како локална самоуправа која од првиот ден се соочи со извршни решенија, која требаше да се справи со блокираноста на училиштата, која требаше да санира и реши низа со години запоставени инфаструктурни зафати, од денешна перспектива по две години сакам да посочам дека:

  • Само за улици вложивме над 3,8 милиони евра, од кои 2,8 милиони евра за изградба и уредување на улици, во овие две години и 1 милион евра кои се сработени претходно, но не биле исплатени;
  • oдблокиравме училишта кои беа заглавени за 4,3 милиони евра и започнавме реконструктивни зафати во истите. Само во моментов имаме реконструкција за 4,5 милиони денари;
  • во јавните претпријатија покрај нивната секојдневна работа, за механизација чие обновување со години беше запоставувано, вложивме над 500 илјади евра;
  • ја започнавме реконструкцијата на офицерскиот дом што некој ќе го продаваше
  • започнавме со колекторски ситем во подпелистерието и обезбедивме прочистителна станица за истото,
  • Битола повторно доби полигон,
  • изградивме канализација и водовод до Лавци
  • Воведовме ново менаџирање во осветлувањето, каде ги воведуваме лед сијалиците со кои само на улицата Васко Карангелевски добиваме заштеда од 9000 евра на годишно ниво. Деновиве продолжуваме со осветлување на Булеварот Први мај, улицата Филип Втори Македонски (поранешна Иван Милутиновиќ);
  • над 1,3 милиони евра вложивме во стадионот;
  • уредивме тротоари и кракови на тесни улици од 9000 метри квадратни;
  • комплетно променивме услови во детските градинки со средства во висина од 266 000 евра и ги проширивме капацитетите за повеќе од 100 деца;
  • oтворивме регионален центар за лица со оштетен вид;
  • работиме на проекти со фондовите од прекугранична соработка во висина од над 2 милиони евра;
  • изведовме културни програми со повеќе од 600 илјади евра;
  • го поддржавме спортот со редовни исплати од 70 милиони денари
  • ја реализиравме социјалната програма со сума во висина над 9 милиони денари
  • за првпат општината започна набавка на превозни средства – 4 автобуси и 4 минибуси по светски стандарди;
  • во моментов имаме обезбедено средства и потпишани договори за изведба на следни инфраструктурни зафати на улици во должина од 3647 метри во вкупна вредност над 46 милиони денари само за коловоз;
  • се изготвува проектната документација за 2 нови градинки;
  • во завршна фаза сме со проектните документации на 5 улици, а за 10 улици во тек е постапка за јавна набавка;
  • проектот за гасификација во проектната документација веќе се изведува од избраниот проектант;
  • овозможивме санирање на обиколницата. Се спроведува јавна набавка за сообрќајни решенија за Довлеџик и централното градско јадро. Се субвенционираа конвертори, печки на пелети, велосипеди во висина од над 138 илјади евра;
  • над 67 илјади евра се наменија за обезбедување на пожарникарите со опрема која ја немаа со години, а сме пред добивање на ново противпожарно возило;
  • формиравме ЈП за паркинзи кое во само два дена, ги вади парите кои ги даваше како месечна надокнада приватниот концесионер, a притоа цените на паркирање се поевтини.
  • После застој од долги години донесени се 2 ДУП-ови, a завршуваме со дополнителни 3 за Долно Оризари, Ниже поле и Дихово.

За крај, за сето ова најдобро зборуваат сумите и фотографиите кои може да се видат во општинскиот информатор, богат по содржина, без злоупотреба на преоптоварување со истопредметни фотографии и луксузни хартии како во минатото, но со намена да го потврди нашето прво место по транспарентност, да информира и да потврди, дека се’ е можно доколку со љубов за Битола и со домаќински пристап, искрено се борите за поквалитетен живот на граѓаните“, изјави Градоначалничката на Општина Битола на денешната прес конференција.

Општинскиот информатор со детални податоци за реализираните проекти е достапен и на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk.

SONY DSC