Друштвото на ликовни уметници од Битола, веќе 45 години по ред ја организира традиционалната изложба на уметнички дела изработена од нивните членови. На Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска и беше доделена посебна благодарница, за континуираната поддршка која ја добиваат ликовните уметници, од страна на претседателката на ДЛУБ Елена Ѓорѓиевска и организациониот одбор.
Највисоката награда „Борислав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување и беше доделена на Сандра Котевска. Наградата за остварување од млад автор отиде во рацете на Лилјана Петровска, Илија Кочовски годинава ја доби наградата за особен придонес во ликовната уметност и култура во градот, а наградата за животно дело му беше доделена на Панде Петровски.
На изложбата со свои дела претставени се 19 автори, а по повод 45 години ДЛУБ, издаден е и каталог.