ИЗГРАДЕНО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЛОГОВАРДИ

ИЗГРАДЕНО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЛОГОВАРДИ

Заврши реализацијата на проектот за изградба на повеќенаменско игралиште во селото Логоварди. Со неговата изградба се создаваат подобри услови за спорт и рекреација на децата и младите од ова место:
„Минатата година при изготвување на програмите за уредување на градежно земјиште и подготовка на буџетот за 2016 година, мештаните од село Логоварди доставија приоритети за реализација од нивното село. Меѓу тие приоритети, приоритет број 1 беше потребата од изградба на едно повеќенаменско игралиште. Општина Битола го разгледа нивното барање, предвиде средства во буџетот и пристапи кон подготовка на проектна документација. Вредноста на проектот изнесува 1 605 000 денари. Со тоа исполнето е уште едно од барањата на жителите на ова село“, изјави Маријана Спасевска, раководител на одделение за комунални дејности.
Мештаните изразија големо задоволство од реализацијата на овој проект и големата соработка која во изминатиот период ја имаат со градоначалникот и локалната самоуправа.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC