Изградбата на новата улица Никола Киров Мајски во Брусничка населба, започна со изградба на атмосферска и фекална канализација како прва фаза, изградба на санитарна и технолошка вода втора фаза и како трета фаза изградба на коловоз.
„Да ве информирам дека сепак најмногу сме сконцентрирани во делот на инфраструктурата во старата касарна, таму се најголемите интервенции, а додека тековно ги работиме сите овие проекти кои се прифатени од Совет на Општина Битола и се разбира се буџетирани од буџетот на Општина Битола“, истакна градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.
Вредноста на целиот проект изнесува околу 8.6 милиони денари од кои 3.4 милиони се за изградба на канализација, приближно 2 милиони денари за изградба на водоводна мрежа и околу 3.3 милиони за изградба на коловоз.