ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ ВО НАСЕЛБАТА МАЛ ПАРИЗ

ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ ВО НАСЕЛБАТА МАЛ ПАРИЗ

За поубав изглед, но пред се за поголема безбедност на пешаците, во завршна фаза е изградбата на тротоарите и пешачките патеки во населбата Мал Париз. Оваа фаза е дел од проектот „Изградба на улицата „Даме Груев“ во населбата Мал Париз“. Новите тротоари и пешачки патеки во оваа фаза ќе бидат изградени во делот, каде што е завршена постапката за експроријација на земјиштето, во должина од 1000 метри. Истите беа дел од големите инфраструктурни потреби на жителите од ова место.