Согласно динамичкиот план за работа и принципот на кој се изведуваат градежните работи, по поставувањето на соодветната канализациона и водоводна мрежа, изведено е тампонирање на ул. „Рузвелтова“ со цел да се добие зголемена стисливост, од страна на претходните изведувачи.
Следната фаза на изведба на ул. „Рузвелтова“ е почеток на изградба на уличното осветлување.