По силните врнежи од дожд и невремето кое зафати делови од Општина Битола на 17 и 18 јули, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да ги поднесат следните документи за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола;
-Барање, кое може да се преземе на следниот линк или на шалтерите во Општина Битола
https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2021/06/%D0%91-%D0%90-%D0%A0-%D0%90-%D0%8A-%D0%95.pdf
Во прилог на барањето, потребно е да се достави:
-Имотен лист/доказ за сопственост,
-Копија од лична карта
-Број на трансакциска сметка.
Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.
Барањата може да се доставуваат од четврток 22.07.2021, заклучно со понеделник 26.07..2021 од 7,30 до 15.30 часот, на шалтерите во Општина Битола.