Во функција на транспарентност и информирање на граѓаните за недостатокот во нивната апликација, сите граѓани, можат да испратат е-маил на следната мејл адреса subvencii@bitola.gov.mk со број на предмет, за кој ќе добијат образложение од страна на комисијата.
На истиот мејл, граѓаните можат да постават и дополнителни прашања поврзани со прелиминарната листа и процесот на физичката достава на документацијата.
Физичката достава на потребната документација ќе се врши согласно распоредот кој ќе биде објавен на веб страната на Општина Битола и официјалната фејсбук страна на Општина Битола.