ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Почитувани.

Ве известуваме дека од денес, 03.09.2018 година, Општина Битола, отпочна со градежни работи за реконструкција на канализационата мрежа, водоводната мрежа и коловозот на ул.Климент Охридски, на потегот од ул.Партизанска до ул.Солунска.

Сообраќајот во овој дел на градот ќе се одвива согласно утврдениот режим на сообраќај и поставената сообраќајна сигнализација. Ве молиме за почитување на истата.

Со почит,