ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ НА БИТОЛА ЗА 2017 ГОДИНА

ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ НА БИТОЛА ЗА 2017 ГОДИНА

Во организација на Сојузот на спортови на Битола, се одржа манифестацијата „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2017 година“.

На настанот, на кој присуствуваа градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, Управниот одбор на Сојузот на спортови, како и над двеста спортисти од Битола, беа прогласени најдобрите спортисти на Битола за изминатата година, во поединечна и екипна конкуренција, а беа доделени и посебни плакети.

За спортист на Битола за 2017 година е прогласен Александар Димовски – Димса, боксер, кик-боксер и тренер на млади категории во овие спортови.

Второпласирана е стрелачката Ана Ивановска, на трето место е фудбалерот на ФК „Пелистер“, Гоце Тодоровски, четврт е ракометарот на „Еурофарм Работник“ – Игор Трајковски, а на петтото место се двете кошаркарки Теодора Кузмановска и Сара Спировска. Шестопласирана е Јована Ѓорѓиовска фудбалерка на Топ гол, а седмопласиран е гимнастичарот Иван Крстевски. На осмо место е Мартин Ивановски –стрелец на РЕК „Битола“, деветта е Симона Ѓоревска, а на десетото место е Мирко Додевски.

Во екипна конкуренција за најдобра сениорска екипа е прогласена екипата на ФК „Пелистер“, второпласирана е екипата на ЖФК „Топ гол“, а на трето место е екипата на стрелачкиот клуб „РЕК Битола“.

Најуспешна младинска екипа за 2017 година е екипата на ЖФК „Топ гол“, а потоа следуваат екипите на ОК „Пелистер Волеј“ и кунг фу клубот „Битола“.

За надежни спортисти на Битола за 2017 година прогласени се: Анета Јанкуловска, Христијан Котевски, Стефан Ѓуровски, Маријана Јоновска, Емилија Трајковска, Даниел Главевски, Симона Стојановска, Матеја Марковска, Леа Бошевска, Софија Славковска, Стефан Богичевиќ, Фросина Петковска, Дамјан Стојчев, Сара Поповска, Марија Марковска, Михаил Талевски, Елена Тасевска, Мила Гугучевска, Габи Гелевска и Андреа Миленковска.

Сојузот на спортови додели и неколку плакети, меѓу кои за Филип Кузмановски и Никола Митревски – битолчани кои беа дел од македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет во Хрватска, потоа РК „Еурофарм Работник“ и ФК „Пелистер“ добија плакети за претставување на битолскиот спорт на меѓународен план.

Тренерот на РК „Пелистер“, Борче Марковски, кој е селектор на младинската ракометна репрезентација доби плакета за битолчанец кој води македонската селекција.

Плакета за животно дело доби Марија Чурлевска.

За најдобар спортист од Сојузот на спортови на инвалидизирани лица, прогласена е Оливера Накова – Бикова, а пехарот и го додели Дејан Каевски.

За најуспешен професор од основните училишта прогласен е Предраг Созовски, а за најуспешен професор од средните училишта на Битола за 2017 избран е Јован Христовски.

Најуспешно училиште на ноќната атлетска трка „4-ти Ноември“ за 2017 беше ОУ „Коле Канински”, а за најуспешно средно училиште на ноќна атлетска трка „4-ти Ноември“ за 2017 е Гимназијата „Јосип Броз Тито”.

Најуспешен спортски клуб од основните училишта е клубот на ОУ „Св. Климент Охридски“, а од средните училишта клубот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“.