ЗЕЛЕНА НЕДЕЛА 2015

ЗЕЛЕНА НЕДЕЛА 2015

„Природата – наше здравје, наше богатство“

Општина Битола и ЕУ Инфо точката организираа трибина  во рамките на Зелената недела на тема „Јавните политики на ЕУ во делот на заштита на животната средина“ во НУУБ„Св.Климент Охридски. Говорници беа м-р Марија Томевска  – Центар за европски развој и интеграција, Дејан Петровски-  Здружение за европска интеграција Европска гледна точка и м-р Владимир Славковски  –  ЗГ Биосфера.
Во исто време децата од детските градинки „Естеја О.Мара“ и Мајски Цвет“  и од Центарот за ран детски развој  цртаа на тема „Природата – наше здравје, наше богатство“
Зелена недела се организира од 1999 во Брисел  од страна на Европската комисија.
Зелена недела е најголемата годишна конференција на Европа за политиката за животната средина, на која учествуваат претставници  од власта, бизнис секторот, невладините организации, академските институции и медиумите на   која се  нуди единствена можност за дискусија и размена на искуства и најдобри практики

Оваа година конференцијата се одржа од 3-5 јуни во Брисел а темата беше  природата и биодиверзитетот.
Природата е од витално значење за нашето здравје и е наше богатство. Ние зависиме  од неа  за храна, енергија, суровини, воздухот и водата кои го прават животот возможен  и ја водат   економијата. Ние ја делиме оваа планета со извонредна природна разновидност, која е извор на инспирација, учење и рекреација; таа е дел од нашето културно наследство и придонесува за квалитетот на нашиот живот. Заштитата на природата и одржување на конкурентноста на Европа мора да одат рака под рака, како природата и биодиверзитетот , политика може да игра клучна улога во креирањето на работни места и стимулирање на инвестиции. (беше заклучокот на овогодинешната конференција)

zelena_nedela_6_15_5 zelena_nedela_6_15_4 zelena_nedela_6_15_3 zelena_nedela_6_15_2 zelena_nedela_6_15_1