Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на ЛРЦП, претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола.
По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.
Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти за овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска.