ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛ.ДОВЛЕЏИК

ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛ.ДОВЛЕЏИК

Од утре започнуваат градежните активности за изградба на фекална канализациона мрежа на улицата Довлеџик, како дел од проектот за изградба на комплетна инфраструктура на улица Довлеџик.
Сообраќајот во овој дел на градот, ќе се одвива согласно изготвениот проект за времен режим на сообраќај.