Од утре 29.05.2021, започнуваат градежните активности на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и улицата „Пробиштип“, каде ќе се врши реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, по што ќе следува реконструкција на коловозот.
Со цел непречено одвивање на градежните активности, се известуваат жителите на овие улици, дека неопходно е да ги отстранат возилата од наведените улици.