Општина Битола, согласно Програмите за работа и спроведените постапки, започна со реализација на проектот за уредување на паркинг просторот кај Декорпод. Градоначалникот Тони Коњановски и претставници од општинската администрација извршија увид на теренот каде што ќе се реализираат работните активности на два профили.
Едниот профил е со површина од 1648,51 м², а вториот има површина од 487,5 м². Во овој дел, ќе се реши проблемот со атмосферските води, преку нивно одведување во градската канализациона мрежа, а дополнително ќе бидат направени пешачки патеки на површина од 422 м² и 56 м². Просторот ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставено соодветно осветлување.
Вкупната инвестиција на општина Битола за овој проеикт изнесува 7.862.443 денари.