ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МОНТАЖНОТО УЧИЛИШТЕ ВО С.ПОЕШЕВО

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МОНТАЖНОТО УЧИЛИШТЕ ВО С.ПОЕШЕВО

Подрачното училиште во с. Поешево, кое работи во склоп на основното училиште „Коле Канински“  ќе добие ново монтажно училиште. Градежните работи за негова реализација се започнати со тоа што веќе се поставени стопи за подлогата на која ќе биде поставено училиштето. Површината на училиштето ќе изнесува околу 100 метри квадратни, а внатрешноста ќе се состои од две училници, една канцеларија, една остава, тоалети и простор за котелот за парногреење. Моментално настава во училиштето посетуваат 12 деца до петто одделение.

„ Започнавме со реализација на еден од најважните проекти, а тоа е изградба на монтажно училиште во с.Поешево. Очекувам некаде до крајот на оваа година, односно најдоцна до почетокот на второто полугодие децата да учат во новото училиште. Откако ќе се постави училиштето ќе се направи двор со игралиште и се разбира ќе го оградиме целосно како што им ветивме на мештаните“ истакна градоначалникот д-р Владимир Талески.

Проектот е финансиран од буџетот на Општина Битола, а вредноста на училиштето е околу 2.5 милиони денари.

MontaznoUcilistePoesevo_2015-3 MontaznoUcilistePoesevo_2015-4MontaznoUcilistePoesevo_2015-1MontaznoUcilistePoesevo_2015-2