ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ С. КРКЛИНО – Г.ОРИЗАРИ

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ С. КРКЛИНО – Г.ОРИЗАРИ

Изградбата на локалниот пат село Крклино-Горно Оризари, започна со третиот мост кој ќе биде изграден во должина од 10 метри и реконструкција на други два мостови, како и патна инфраструктура во должина од 1,5 километри. Овој проект е финансиран од Владата на Р. М, преку програмата на Светска банка во вредност од 21 милион денари.
,, Со ова Општина Битола укажува внимание, подеднакво и на граѓаните кои што имаат потреба од интервенција во простор во урбаниот дел но и во руралните места. Оваа градежна сезона интензивно ја започнавме и мислам дека ќе бидете сведоци на нови инфраструктурни проекти “ истакна градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.
Програмата од Светска банка содржи проекти во вредност од  1.250 илјади евра. Дел од овие проекти се веќе завршени, како што се локалниот пат с. Поешево, с.Д.Оризари – с.Трн, с.Граешница и с.Црнобуки, а има уште доста локални патишта кои ќе се прават.
Во тек е и реализација на програмата на Министерството за транспорт и врски за изградба на водоводна мрежа, со која се опфатени 23 села.

Pat_krk_oriz_6_15_10 Pat_krk_oriz_6_15_12 Pat_krk_oriz_6_15_11