ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЧНАТА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЧНАТА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

Денес започна асфалтирањето на улиците во село Егри. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во текот на работните активности, кои се дел од проектот за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци со должина од 1370 метри, во вредност од 6.400.224 денари.

Со овој проект кој се реализира на барање на жителите на село Егри , продолжува заложбата на локалната самоуправа за подобрување на условите во руралните средини.