ДУАЛНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ – МОЖНОСТ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПОБРЗО ВРАБОТУВАЊЕ

ДУАЛНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ – МОЖНОСТ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПОБРЗО ВРАБОТУВАЊЕ

Градоначалничката Наташа Петровска и министерката Мила Царовска констатираа дека стручното образование повторно e привлечно, затоа што школува кадри што ги бара реалниот сектор, но и нуди поголеми можности за вработување на младите.

При посетата на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, ги посетија кабинетите каде се реализира настава за сите профили од машинската и електротехничката струка, а годинава оформени се две дуални паралелки во прва година со 33 ученици и една паралелка со тригодишно образование со 7 ученици.

„Учи паметно, работи стручно“ ги даде посакуваните резултати со тоа што годинава има 1.400 ученици повеќе на ниво на држава запишани во техничките училишта.