ДРЖАВНО ПОЕДИНЕЧНО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ И ЈУНИОРСКАТА ЛИГА ВО ПИНГ ПОНГ ВО БИТОЛА

ДРЖАВНО ПОЕДИНЕЧНО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ И ЈУНИОРСКАТА ЛИГА ВО ПИНГ ПОНГ ВО БИТОЛА

Во кугланата во Битола, денес се одигра завршницата на Државното поединечно првенство во куглање на Македонија, односно полу и финале во машка и женска категорија. Се работи за најсилното по ранг поединечно првенство кое започна со квалификации, па 1/8 и 1/4 финале се играа во Мусандра во Скопје, а елитата во завршницата се сретна во Битола.

Државни прваци за 2023 година се Стефанија Алексовска од Кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, жени и Младен Донковски од Кугларски клуб Макпетрол, мажи.

Во женското финале Стефанија Алексовска (Пелистер Пин) беше подобра од Андреа Вељаноска (Пелистер Пин) и победи со 2:2 и 545:523 соборени дрва. Во женското полуфинале Стефанија Алексовака (Пелистер Пин) ја совлада Данче Наумовска (ГТЦ Мусандра) со 4:0 и 582:502 додека Андреа Вељаноска (Пелистер Пин) беше подобра од Билјана Гаврилова (ГТЦ Мусандра) со 3:1 и  566:515 срушени дрва.

Во машкото финале Младен Донковски (Макпетрол) беше подобар од својот соиграч Владимир Даниловски со 2:2 и 598:564 дрва. Во полуфиналето, Владимир Даниловски (Макпетрол) го совлада Ибрахим Мемеди (Макпетрол) со 3:1 и 584:523 дрва, додека Младен Донковски (Макпетрол) беше подобар од Сашо Трпковски (Макпетрол) со 3:1 и 586:534 дрва.

По интонирањето на македонската химна свој говор имаше Игор Михајловски, претседател на Македонската кугларска федерација. Градоначалникот Тони Коњановски ја поздрави публиката, посакувајќи во Битола да има уште вакви спортски настани од највисок ранг, по што им ги врачи признанијата на најдобрите македонски куглари и кугларки за 2023 година.

Во спортската сала на СОМУ „Д-р Јован Калаузи“, пак во организација на ППК „Пелагонија“ од Битола, со поддршка на Општина Битола, беа организирани натпревари од Јуниорската лига во пинг понг – есенски дел.

Учесници беа јуниори (машки и женски) на возраст до 19 години, односно 9 екипи во женска и 8 екипи во женска конкуренција. Екипите беа составени од по 3 играчи, односно околу 60 учесници од цела Македонија.