ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ МАТЕМАТИЧАРИ

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ МАТЕМАТИЧАРИ

Наградата Киро Галевски за учебната 2022/23, за првпат во соработка со општина Битола, се доделува на сите успешни средношколци по математика од средните училишта во општината, кои освоиле пофалница или една од трите награди на регионален, државен натпревар по математика или на математичката олимпијада. Доделувањето на наградите е во чест Киро Галевски кој целиот свој професионален живот го посвети на изучување на математиката и пренесување на
знаењето на учениците.

Средствата за оваа награда се обезбедени од приватната компанија ДОО ГАЛЕ ТЕКНИ, која во досегашниот период оваа награда ја доделуваше само за учениците од СОТУ Ѓорѓи Наумов Битола, но со воспоставувањето на соработката со општината истата ги опфаќа сите успешни средношколци од Битола со високи математички резултати.

Наградите ги доделија управителот на компанијата Сашо Галовски, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, кој честитајќи им ги успесите на средношколците порача:

„Ова е еден од начините со кои, во соработка со приватниот сектор делуваме кон поттикнување и стимулирање на успехот на нашите млади и талентирани ученици. Посакувам, ваквиот пример да го следат и други компании, со што заеднички и понатаму ќе бидеме поттик за нашите средношколци“, рече градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

Музичкиот дел од денешниот настан на доделувањето на наградите, беше збогатен со настап на ученици од Државното музичко училиште и средношколци од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола.