ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ НА „БРАЌА МАНАКИ“

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ НА „БРАЌА МАНАКИ“

На Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во хотелот Епинал беше доделена наградата за најдобар ангажиран документарен филм. Тричленото меѓународно жири, во кое учествуваше и битолчанецот Стефан Хаџиантоновски, одлучи наградата да му припадне на документарниот филм „За Сама“, во режија на Ваад ал-Катеаб и кинематограферот Едвард Вотс.

Градоначалничката м-р Наташа Петровска во името на Општина Битола ја додели наградата во вид на плакета и истакна дека е големо задоволство да се додели оваа наградата од градот, во кој твореле браќата Манаки токму преку документаристичкиот пристап.