ДЕЛ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА СРЕДБА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КОН МЕЏИТЛИЈА – ОПШТИНАТА ЌЕ ПОБАРА ДЕТАЛИ ЗА ДИНАМИКАТА НА ИЗВЕДБА

ДЕЛ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА СРЕДБА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КОН МЕЏИТЛИЈА – ОПШТИНАТА ЌЕ ПОБАРА ДЕТАЛИ ЗА ДИНАМИКАТА НА ИЗВЕДБА

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски денес се одржа средба со релевантните институции вклучени во изведување на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-Грчка граница, на која присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Надзорниот орган ГЕИНГ, СВР Битола, секретарот Борче Димитровски и општинската администрација.

Градоначалникот беше информиран дека за овој патен правец е изработен Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај, истиот е одобрен, но по иницијатива на надзорниот орган, изведувачот и инвеститорот, поради поголема безбедност во сообраќајот, побарано е во проектот да се извршат измени и дополнувања со потребни мерки за зголемување на безбедноста.

По одржаната работна средба, Општина Битола писмено ќе се обрати до инвеститорот, со цел да ги добие конкретните детали во делот на динамиката и заокружувањето на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-грчка граница.