ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЦРНА ГОРА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЦРНА ГОРА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Амбасадорот на Република Црна Гора во Македонија и делегација од општината во збратимениот град Херцег Нови, Црна Гора денеска ја посетија општина Битола. Во своите обраќања гостите изразија големо задоволство од гостопримливоста на Општина Битола и битолскиот градоначалник, што дополнително го зголемува оптимизмот за продолжување на понатамошната културно-туристичко економска соработка на многу повисоко ниво. Почесниот конзул на Р.Црна Гора во Битола потврди дека денешниот настан значи нова визија во понатамошната соработка помеѓу двата градови, а градоначалникот на Битола информираше за чекорите кои ќе следуваат.
„Договоривме неколку акценти кои ќе се однесуваат пред се на стопанско економскиот развој меѓу двете пријателски земји, како што спомена амбасадорот, земји кои што немаат ниту едно отворено прашање. Тоа се две пријателски земји, Република Македонија и Република Црна Гора. Мислам дека тоа е еден голем предуслов заеднички да влеземе во една нова сфера, каде што сите сегменти на општественото живеење ќе ги развиваме со една поголема динамика. Мислам дека духовната и културна релација која што веќе ја имаме ќе ја надградиме за многу брзо време. Мојот колега веќе понуди културна соработка помеѓу двата филмски фестивали. Ценам дека денешниот ден е радост и за нашите граѓани затоа што денес на Широк Сокак имаме манифестација која се сретнува само во големите градови. Се надевам дека оваа мала средба ќе биде нов почеток на една идни голема и плодна соработка“, рече градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески на денешната прес конференција по повод гостувањето на делегацијата од Црна Гора во Битола. Покрај средбата со градоначалникот, гостите на Широк Сокак реализираа и културен настан, како и презентација на производи од Херцег Нови.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC