ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА ПРОДОЛЖИ ВО НОВИ ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА

ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА ПРОДОЛЖИ ВО НОВИ ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА

Продолжуваат активностите за дезинфицирање на сите станбени објекти, сообраќајници и помали улици во одделни региони во градот на екипите на битолските јавни претпријатија, предводени од ЈП „Комуналец“.

Дезинфекцијата продолжи на ул. „Филип Втори Македонски“, „Прилепска“, „Димитер Илиевски Мурато’, „Наум Наумовски Борче“, „Батаљон Стив Наумов“. Исто така, се дезинфицираше во населбата „Бела чешма“, „Ат Пазар“, кај „Триаголникот“, кај „Гроздот“ и на улиците „Димитар Влахов“, „Сремска Митровица„ и „Цане Василев“.