ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО БИТОЛА

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО БИТОЛА

Денес, во утринските часови, екипите на ЈП „Комуналец“ извршија вонредна дезинфекција пред сите градинки, основни и средни училишта и високо образовни институции, како и на автобуските постојки во градот.

Акцијата за дезинфицирање ќе продолжи и во наредните денови, на различни локации, особено на клупите и други места кои се често користени од населението.

Општина Битола упатува апел до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.